Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПоскапуваат билетите во ЈСП – Купете си електронска картичка навреме

Поскапуваат билетите во ЈСП – Купете си електронска картичка навреме

ЈПС ќе започне да ги применува електронските билети од 1 јануари 2016-та за, но доколку не ги користите и купувате билети од возачите ќе платите многу поскапо. Од Нова година тие што немаат електронски картички кај возачот ќе треба да платат дури 60 денари за едно возење, што може да биде многу скапо за туристите и лицата кои не се од Скопје. skopskaПлаќање ќе биде овозможено и со паметен телефон со цена од 50 денари, додека пак се воведуваат и нови тарифи и комбинирани плаќања. Купувањето на билети од трафиките на ЈПС по цена од досегашните 30 денари исто така ќе биде укинато.

Доколку се возите во повеќе правци за 90 минути ќе платите еден билет со цена од 60 денари, а со смартфон ќе платите 70 денари. Во овие категории ќе спаѓа и патување со автобусите до Милениумскиот крст, како и за жичницата на Водно. avtobusСе воведува и електронска наплата по две зони, градска и приградска со тоа што цените за месечен билет ќе чинат 1400, односно 1600 денари, за студенти 1050 освен со бенефицираниот превоз, а за пензионери е бесплатно во предвидените денови. Ноќните билети ќе чинат исто така 40 денари, картичката со десет возења ќе чини како и досега 250, а за приградска зона 300 денари.

Електронските картички може да бидат персонализирани за што е потребно да се упатите во специјализираните пунктови на ЈСП и да платите 200 денари, а преносливите неперсонализирани картички ќе чинат 150 денари. Тие ќе се дополнуваат со кредит исто како мобилните при-пејд телефони со износ по желба на корисникот. elektronska-kartica-koceПри секое влегување во автобусите мора да ја валидирате картичката, без оглед каков билет поседувате. Од мај 2016 на единствениот систем за наплата треба да се вклучат и приватните превозници со унифицирани цени.