Friday, Mar 29, 2024
HomeИздвојувамеПоштата на владините луѓе е 100 % лесна за хакирање – тврди тинејџерот кој му „упадна“ на Џон Бренан

Поштата на владините луѓе е 100 % лесна за хакирање – тврди тинејџерот кој му „упадна“ на Џон Бренан

Хакерот кој провали во персоналната електронска пошта на директорот на ЦИА, Џон Бренан, објаснува дека добил пристап преправајќи се како работник на Verizon. Контактирајќи со неговите „колеги“ од фирмата, се пожалил дека неговите „алатки“ се расипале и му биле потребни информации за еден од нивните клиенти, кој всушност бил г-дин Бренан.

Откако ги добил потребните информации, вклучувајќи ги и последните 4 цифри од неговата кредитна картичка, се подготвил за неговата нова улога. Овојпат преправајќи се Џон Бренан, ги контактирал AOL барајќи неговата лозинка да биде сменета. Нормално, информациите кои ги барале за да му го овозможат тоа биле веќе придобиени од страна на хакерот и лесно ја променил лозинката, добивајќи пристап до поштенското сандаче.
brenan1Овој хакерски напад прв пат бил објавен во јавноста кога хакерите се обратиле на весникот New York Post. Тие објасниле дека имаат пристап до тајни владини договори и писма бидејќи г-динот Бренан си ги препратил од неговата владина е-пошта.

Некои од документите што ги добил хакерот биле SF-86 апликацијата која ја пополнил Џон. Оваа апликација има 47 страници и се користи од страна на владата на САД за да спроведуваат проверки во минатото на било кој човек, односно криминално досие, здраствени/психолошки налози, информации за користење на било какви наркотици, информации за семејството, пријателите и податоци за дали тој (што се проверува) имал било какви интеракции со надворешни држави.

Хакерот, кој тврди дека има помалку од 20 години, вели дека не работел сам, односно имал двајца соработници.
Разгледувајќи низ поштенското сандаче, хакерите нашле писмо од Сенатот до ЦИА во кое се бара ЦИА да престанат да користат некои од нивните техники за испрашување. Овие писма датираат назад од 2009-та година. Исто така е најдена листа со имиња, ЕМБГ броеви од истите, работно место и други информации за луѓето.
interogationЕкспертите шпекулираат дека овие листи на луѓе би можеле да бидат гости кои ја посетувале Белата Куќа, бидејќи во 2009 година, истата година од кога датираат тие листи, Џон Бренан бил советник за анти-тероризам на претседателот Обама.

Хакерите, користејќи VoIP технологија, му се јавиле на Џон Бренан. Конверзацијата била кратка. Хакерите го почнале разговорот кажувајќи „Еј овде CWA„. (Crackas with Attitude) на кое тој вратил „Што сакате?“. Чувствувајќи се хумористично, хакерите му рекле дека сакаат 2 трилиони долари, притоа смеејќи се хистерично. Откако Бренан повторно го поставил прашањето, одговорот бил „Сакаме да се ослободи Палестина и вие да престанете да убивате невини луѓе“.

Позитив.мк го преведе интервјуто на анонимниот хакер за CNN, за да ви долови колку е уверен дека може да „упадне“ било каде.

CNN: Вие рековте дека сте ја хакирале приватната е-пошта на Џон Пренан. Како го направивте тоа?
– Па, имаме многу персонални информации за него, како неговото име, адреса на живеење, ЕМБГ број и некои други работи. Манипулиравме со AOL да го направат она со ресетирање на лозинката.

CNN: Ако ова е вистинито, колку беше тешко да се направи?
– На сакала од 1 до 10? 1.

CNN: Рековте дека сте провалиле во неговата персонална е-пошта. Што откривте?
– Па ЕМБГ броеви, планови во кои се збори за Ирак и Сирија. Има многу приватни информации. Стварно многу е глупав. Тој е на многу високо место во владата, директор на ЦИА. Би требало да е малце по паметен.

CNN: Која е вашата мотивација?
– Да се ослободи Палестина. Владата на САД го финансира Израел и во Израел убиваат невини луѓе. Ние ќе престанеме кога они ќе престанат да го финансираат Израел или додека не не најдат.

CNN: Дали сте софистицирани хакери? Како би се рангирале самите себеси во светот на хакерите?
-Па, би не броел измеѓу некаде. Не сме глупaви, ама и не сме нешто многу паметни. Има многу попаметни луѓе од нас.

CNN: Планирате да хакирате уште некој? Некој што имате на ум?
– Владата и полицијата. Пример луѓено од Белата Куќа. Они се лузери.

CNN: Дали се грижите за одмазда?
– Ќе одам во Русија и ќе си „лабавам“ со Сноуден затоа што знам дека на владата ова не и се допаѓа многу многу и ќе бидам мачен. Јас всушност трчам доста брзо.

CNN: До сите други владини луѓе кои имаат приватна е-пошта, колку се лесни тие за хакерски напад?
– Многу лесни. 100% лесни. Секогаш ќе има нешто или некој кој ќе го направи тоа.

CNN: Нешто што можеш да ми кажеш за тебе?
– Па под 20 годишна возраст сум… Живеам во Америка и консумирам марихуана.

CNN: Кажуваш дека е можно да си ја хакирал електронската пошта на директорот на ЦИА додека си бил под дејство на канабис?
– Па да, беше лесно. Можев да го направам со една рака. Можев да го направам без заби!

CNN: Како се гледате себеси?
– Се гледам себе како човек што си сака компјутери а воопшто не ја сака владата. Не сум терорист. Јас сум бело момче.

Откако се случи ова интервју, на твитер акаунтот на хакерот се спомна дека следна мета е Заменик Секретарот на Пентагон, Роберт Ворк.

Подготви: Никола Стојков.

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.