Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПоштар од Злетово се самоповредил со пиштол

Поштар од Злетово се самоповредил со пиштол

Триесет и едногодишен поштар од Злетово вчера си  испукал куршум во ногата Несреќата се случила случајно во просториите на ,,Македонски пошти”  во c.Злетово Пробиштип,. Поштарот се обидел  пиштолот кој го поседувал со дозвола  да го вметне во футролата која ја носел на појасот, при тоа еден куршум испукал по што се здобил со влезно излезна рана во десната потколеница.

Од селото Злетово, со возило на Брза помош поштарот бил префрлен во Кличичката болница во Штип, а потоа бил пуштен на домашно лекување