Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПоштар од Гостивар крадел пари од корисници на социјална помош

Поштар од Гостивар крадел пари од корисници на социјална помош

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против П.Ѓ.(46) од Гостивар поради постоење основа на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Пријавениот како вработен во АД Македонска пошта – Гостивар, на работно место поштар, соопшти денеска МВР, во текот на 2013 и 2014 година ги фалсификувал потписите на 12 лица – примачи на социјална помош и туѓа нега, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 78.062 денари.