Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПосебен сообраќаен режим поради натпреварот Работнички – Рубин Казан

Посебен сообраќаен режим поради натпреварот Работнички – Рубин Казан

Посебен сообраќаен режим поради натпреварот помеѓу Работнички и Рубин Казан. МВР соопшти дека од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ кон стадионот, при што кон Националната арена ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Ќе биде зајакнато присуството на сообраќајната полиција во насока на регулирање и безбеден проток на сообраќајот и движењето. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи. Натпреварот почнува во 20.00 часот.