Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПосебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Вардар-Апоел

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Вардар-Апоел

Поради натпреварот Вардар-Апоел денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај-соопштуваат од МВР

Од 17 часот  ќе биде затворен потегот од крстосницата на улиците „Аминта III“ – „Јордан Хаџикостантинов – Џинот“ кон Националната Арена “Филип II Македонски“. Кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

По 18:30 часот, зависно од интензитетот на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот со возила од булеварот „Илинден“ кон стадионот. На крстосниците долж булеварот „Илинден“ ќе се врши селективно пропуштање возила кон стадионот. Во попладневните часови ќе се преземаат мерки за расчистување на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот како и дислоцирање на затекнатите возила.

МВР апелира сите граѓани, учесници во сообраќајот, да бидат трпеливи, да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно и хумано грижејќи се за сопствената и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, како и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи.