Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПосебен режим на сообраќај додека трае фрлањето на крстот

Посебен режим на сообраќај додека трае фрлањето на крстот

За утре (19 јануари) е предвиден посебен режим на сообраќај со оглед на одржување на верската манифестација со фрлање на крстот во водите на реката Вардар кај мостот „Слобода“. Сообраќајот ќе биде пренасочен наутро, а церемонијата започнува во 12 часот, па затоа ќе се вози по околните сообраќајници, на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ со крстосницата од ул. „11 Октомври“.

Во истото време ќе се одржи уште една манифестација на железничкиот мост на реката Вардар во населба Хром. Сообраќајот по ул. „Васил Чакаров“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот од ул. „Плашковска“ до крстосницата со ул. „Иван Цанкар“.