Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПортугалија без ниту една „победа“ полуфиналист на Евро 2016

Португалија без ниту една „победа“ полуфиналист на Евро 2016

Португалија може да стане првата селекција во историјата на Европските првенства која би стигнала до титулата без победа во регуларните 90 минути. По втор пат, вчера против Полска, победија по изведувањето на пенали, а претходно ја елиминираа Хрватска во продолженијата со голот на Кварезма во 118-та минути.

Во групната фаза не забележаа ниту една победа, туку три нерешени и се чини дека имаат најмалку симпатии од фановите за досегашниот успех.

blascikovski

Во четврт-финалето Полска поведе преку Левандовски, а изедначи Ренато Санчез. Во пенал рулетот клучна беше одбраната на голманот Руи Патрисио кој беше поуспешен од Блашчиковски и со конечни 5:3 победата ја прослави Португалија.