Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПорта Македонија покриена со платно: Обид да се сокрие гневот на граѓаните или да се заштити портата од уште повеќе боја

Порта Македонија покриена со платно: Обид да се сокрие гневот на граѓаните или да се заштити портата од уште повеќе боја

Обид да се сокрие гневот на граѓаните или да се заштити портата од уште повеќе боја. Денеска поратата Македонија беше прекриена со бели платна, слични на оние кои можеа да се забележат кога портата беше во изградба. Протестите на опозицијата кои се одржуваат секој ден во 18 часот во неколку наврати кулминираа токму пред портата Македонија.

Порта Македонија е исшарана од сите страни, а има и неколку натписи. Сега платната ја прекриваат бојата, па ако гледате одалеку може да помислите и дека е искречена. Но само одалеку. Одблиску не може да не ги забележите платната кои се обидуваат да ја обелат „Шарената револуција“.

Обнова на портата не е баш добра идеја, со оглед на фактот дека протестите продолжуваат, а по се изгледа платната нема да и помогнат на портата да се спаси од ново боење.