Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСХороскопПороците и хороскопот – од што сте зависни?

Пороците и хороскопот – од што сте зависни?

Секој од нас е склон на некој порок. Ако мислевте дека хороскопот нема никаква врска со тоа, се излажавте.

Овен
Како огнен знак, овенот сака се што се случува брзо, па попрво бира пијалаци како виски и ракија, а кога е во можност да посети некои вински подрум сака да пие црвено вино повеќе од дозволеното. Прилично се тврдоглави, па припадниците на овој знак сакаат се што им е забрането. Само на тој начин може да ја почувствуваат слободата. Цигарите се составен дел од ноќните излегувања, од кој тешко дека Овенот некогаш ќе се откаже.

Бик
Прва асоцијација кога ќе здогледате дебел готвач кој сака да јаде е дека е роден во знакот на Бик. Ова се личности кои сакаат да уживаат во сетилата, па храната и пијалоците им се на прво место. За Биковите и љубовта е неопходна, па се што е поврзано со неа ги тера на пороци. Телефонскиот или сајбер секс, како и секси приказните се она што Биковите го практикуваат, но само со вистинскиот партнер.

Близнаци
Близнаците се склони кон бегање од реалноста, па ги привлекуваат порнографските снимки, доколку се чувствуваат сигурни во себе. Во друг случај, може да бидат претерано провлечени од некој паралелен свет во кој сакаат да живеат сосема нов живот. Близнаците ги обожаваат предметите со материјално значење, па не е реткост да потрошат еден куп пари на некоја глупост која во моментот им изгледа неодолива.

Рак
Никотинот е составен дел од воздухот неопходен за нормално функционирање на човештвото, според мислењето на Раковите. Овие личности да можат, би ги јаделе цигарите. Ракот би престанал да пуши само ако тоа влијае на неговиот физички изглед. Тие имаат и слабост кон попусти и често знаат да купуваат под влијание на некоја моментална емоција.

Лав
Лавовите веруваат дека на овој свет се е дозволено па алкохолот, цигарите, дрогата и сексот се составен дел од неговиот бурен живот. Веруваат во својата бесмртност, па им недостасува дисциплина кога консумираат нездрава храна. Огнените знаци ги возбудува она што се случува многу брзо, па баш затоа Лавовите се слаби на коцкање и изненадни добивки.

Девица
Девиците по природа се перфекционисти и нивните склоности се телото да го доведат до совршенство. Многу претставници од овој знак се толку опседнати со својот изглед што консумираат огромни количини витамини и таблети. Девиците се склони кон бегство од реалноста, па многу лесно се предаваат на опојни дроги.
porokk
Вага
Вагите имаат неверојатна потреба за трошење на пари, па доколку имаат кредитна картичка при рака нема да им одолеат на новите парчиња гардероба. Сакаат никотин и цигарите за нив се статусен симбол. Често остануваат приврзани за скапоцените цигари иако нивниот буџет не може да ги истрпи. Вагите ги привлекува и сексот, па како воздушен знак сакаат да гледаат т.е. се огромни воајери.

Скорпија
Скорпиите несомнено се најстраствениот знак на хороскопот, кога сексот е во прашање. Можат да бидат претерано опседнати со одредена личност и подготвени се да потрошат многу пари за да создадат совршена атмосфера за незаборавен секс. Склони се кон неверство и бројни афери. Цигарите, алкохолот и разните опиуми се само дел од предиграта, барем за Скорпиите.

Стрелец
Уште еден огнен знак во низата кои заради својата храброст запаѓа во голем број пороци. Стрелците сакаат патувања, па подготвени се да трошат огромни суми на пари на луксузно уживање. Доколку финансиската ситуација не му го дозволува тоа, од стварноста бега со помош на филмови. Склон е кон лаги и симулирањето на болест за да ги избегне обврските. Овој знак не може да му одолее и на никотинот.

Јарец
Јарецот е опседнат со потребата да биде прв и најдобар, па неговата опсесија неретко се претвора во порок. Без оглед на тоа каква е неговата опсесија, обичните проблеми лесно може да се претворат во екстремни. Оптеретени се и со својот изглед, па не е чудно ако патат и од анорексија, мислејќи дека се одржуваат витки и убави.

Водолија
Водолиите поседуваат револуционерен ум кој никогаш не мирува. Тие сакаат да тестираат се што можат на себе, па баш затоа се склони кон авантури. Ги приблекуваат сите супстанци кои инспиративно влијаат на работата на нивниот мозок, па пороците неретко ги сметаат за верски ритуали кои им овозможуваат духовен развој.

Риби
Со Рибите владее Нептун, а со самото тоа нивни пороци се оние кои се поврзани со алкохолот, дрогите и супстанците кои било како влијаат на мозокот. Многу Риби може да бидат зависници од мисловни игри затоа што се сконцентрирани кон внатрешниот развој, па лесно посегнуваат по инспирација во секој облик.