HomeДЕНЕШНАСветПорошенко измамен: Телефонски договарал меѓународна политика со „претседателот“ на Киргистан

Порошенко измамен: Телефонски договарал меѓународна политика со „претседателот“ на Киргистан

Ukraine's President Petro Poroshenko speaks to the media during a news conference in Kiev

Украинскиот претседател Петро Порошенко бил доведен во заблуда дека води телефонски разговор со претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, иако всушност разговарал со измамник, признаа украинските власти и случајот го оценија како „провокација“, пренесоа француските медиуми.

По овој разговор украинското претседателство објави дури и соопштение за разговараните теми. Според соопштението, што набрзо беше симнато од сајтот на претседателството, разговорот главно се однесувал на соработката меѓу Украина и Киргистан во рамки на меѓународните организации, главно ОН.

Малку подоцна, меѓутоа, Киргистан негираше дека имало таков разговор. Киргистан е поранешна советска република во централна Азија, која ја следи проруската политика, забележуваат француските медиуми.

Портпаролката на украинското МНР, Маријана Беца, изјави дека инцидентот е поврзан со напорите на Порошенко да издејствува резолуција на ОН за прекршувања на човековите права на полуостровот Крим, што во 2014 година беше анектиран од Русија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com