Wednesday, Oct 18, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаПоројните дождови предизвикаа одрони, возете внимателно

Поројните дождови предизвикаа одрони, возете внимателно

На магистралниот пат од Македонска Каменица до Делчево поради вчерашните поројни дождови има одрони на карпи на двете коловозни ленти и сообраќајот се одива отежнато се додека не се расчисти. Поради силните дождови денес се препорачува внимателно возење на патиштата низ Македонија и на неколку локации може да има одрони, како што се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово.