Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПорно сајт ве пренасочува на психијатар ако „барате“ силување

Порно сајт ве пренасочува на психијатар ако „барате“ силување

Порнографскиот веб сајт xhamster.com започна посетителите кои што бараат видеа со силувања да ги пренасочува на веб страница за психолошка помош. Осудениот силувач Брок Тарнер за силување на девојка која што била во несвест добил казна од само шест месеци. Малата казна одекна во САД и ја разбесни американската јавност која што јасно е дека бара далеку поголема казна за силувачот.

Поради сето тоа, порно страницата xhamster.com објави дека воведува ново правило – правилото Брок Тарнер. За почеток, сите фотографии и видео снимки кои што имаат врска со силување или прикажуваат силување ќе бидат отстранети од интернет страницата.
poraka-ikshamster-siluvanje-tocka-2016-01
А, доколку некој од корисниците го напише зборот „силување“, или било кој друг термин кој што има врска со сцени на силување, ќе ја добие пораката: „Доколку ја барате оваа категорија на нашата страница, време е да се посоветувате со професионален психолог“.

Потоа, посетителот ќе биде пренасочен на интернет страницата 7cups.com која нуди онлајн психолошки советувања и терапија.

Во интервјуто за The Huffington Post, претставник на xHamster, Алекс Хокинс откри дека компанијата е шокирана и згрозена затоа што правдата во овој случај апсолутно не била задоволена: „Затоа одлучивме на некој начин да реагираме и ние самите“, порача тој.