Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПорно филмовите штетни за здравјето

Порно филмовите штетни за здравјето

Водечка британска психотерапевтка предупредува на голем пораст на бројот на млади мажи со сексуални проблеми заради интернет порнографија, пишува BBC. Ангела Грегори вели дека сѐ повеќе момчиња во доцните тинејџерски или раните дваесетти години патат од еректилна дисфункција. Според неа, причина за тоа е зависноста од интернет порнографија.

„Она што го видов во последните 16, а особено во последните пет години е пораст на млади мажи кои ни се обраќаат“, рече Грегори.

„Порано нашите клиенти со еректилна дисфункција беа постари мажи со дијабетес, кардиоваскуларни болести и слично. Но, тие млади луѓе немаат никаква органска болест“, додаде Грегори.

„Заради тоа, едно од првите прашања што им ги поставуваме е колку често мастурбираат и гледаат порнографија на интернет, бидејќи тоа би можело да биде причина зошто тешко постигнуваат ерекција со партнерите“, вели Грегори.

Еден од клиентите, Ник, почнал да гледа порнографија кога добил лап топ на 15 години.

„Работата набрзо ескалираше и гледав порнографија секој ден. Она што го гледав стануваше со секој ден сѐ поекстремно“, додаде Ник.

„Нормалните работи не функционираа, па гледав поекстремни содржини“, продолжува Ник, додавајќи дека сексуалните односи во нормалниот живот повеќе не функционирале. На крајот се обратил за помош кај експерти. Ник не гледал порнографија на интернет стотина дена и му олеснило кога работите се вратиле во нормала.