Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПораст на прометот во индустријата

Пораст на прометот во индустријата

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јуни годинава е забележан пораст на прометот во индустријата во однос на истиот месец од минатата година за 11,2 проценти. Прометот остварен на домашниот пазар бележи пораст од 9,4, а на странските пазари од 11,7 проценти,

Согласно одделните сектори, во Рударство и вадење на камен порастот е зголемен на 21,9 проценти, а секторот Преработувачка индустрија 10,8 проценти. Пораст на прометот се забележува и кај групата Интермедијарни производи (27,4%), Капитални производи (11,4%) и Трајни производи за широка потрошувачка, додека опаѓање бележат секторите Енергија (96%) и Нетрајни производи за широка потрошувачка (3,4%).

Прометот во индустријата во јуни година, во однос на претходниот месец е зголемен за 10,1 отсто, а во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани за 8,8 проценти.