Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПоранешниот телохранител на Зоран Ѓинѓиќ во заробеништво на исламистите

Поранешниот телохранител на Зоран Ѓинѓиќ во заробеништво на исламистите

Поранешниот телохранител на убиениот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ, Срѓан Бабиќ, веќе пет месеци е заробен во Либија од страна на исламистичката милиција Ел Мајд, под нејасни околности, пишува српски Telegraf. За него не е баран никаков откуп. Ниту е обвинет за какво било кривично дело, а и понатаму е во заробеништво.

Кога Бабиќ бил приведен му било речено дека тоа е заради негова безбедност, а од тогаш пет месеци е заробен, а дури завчера му е овозможен контакт со семесјтвото.

Бабиќ на јавноста и е познат како човек кој на една снимка по атентатот на Ѓинѓиќ запира автомобили за смртно настраданиот премиер да биде превезен во Ургентниот центар.
По убиството, работел во Министерството за внатрешни работи на Србија и во жандармеријата, од каде е отпуштен.

Во Либија работел како тим лидер во француската компанија ASP, која се занимава со обезбедување и логистика на дипломатски мисии, меѓународни организации, како и на нафтени компании, а работел и во менаџмент тимот кој ја обезбедувал италијанската нафтена компанија ENI во Либија.

Неговата сопруга Весна и синот Страхиња пет месеци живеат во страв, а како изјавуваат за „Политика“, помислувале и дека е убиен.

„Тој е во многу тешка состојба. Вели дека ослабел 20 килограми и дека пет месеци не видел сонце. Го држат во соба без светло и без воздух. Прво ме праша зошто е заробен. Не знаев што да му кажам затоа што ни јас не знам“, вели Весна бабиќ, која додава дека за помош му се обратила и на премиерот Александар Вучиќ и дека очекува ефиканса реакција на ржавата за нејзииот сопруга да се најде на слобода.

извор:Макфакс