Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоранешниот разузнавач Александар Диневски ќе се брани од слобода

Поранешниот разузнавач Александар Диневски ќе се брани од слобода

Поранешниот контраразузнавачот Александар Диневски кој беше осуден на 4,5 години затвор во процесот „Шпион“ од денеска е пуштен да се брани од слобода, објави Новатв.

Судот донесе решение Александар Диневски веднаш да биде пуштен од КПУ Затвор Скопје, да се брани од слобода. Кривичниот совет за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1, смета дека повеќе не постојат причини поради кои мерката притвор била определена и продолжувана.

Диневски, околу две години се држеше во притвор во многу лоша здравствена состојба, беше и хоспитализран на скопските клиники, а семејството повеќе пати алармираше за неговата состојба. Тој има проблеми со дишењето како и сериозни срцеви проблеми. Диневски минатата година штрајкуваше и со глад.

Во аферара „Шпион“ беа обвинети 19 лица.На деветмина обвинети што добија повисоки затворски казни, судот им го продолжи притворот до правосилноста на пресудата, а на петмина притворот им е укинат и заменет со алтернативни мерки.