Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПоранешниот млад талент на Арсенал замина во Хофенхајм!

Поранешниот млад талент на Арсенал замина во Хофенхајм!

Хофенхајм доби големо засилување за следната сезона. Тимот го очекува голем предизвик, да игра во квалификациите за Лигата на шампионите, и засилувањата се веќе видливи.

Првиот ќе биде Серж Гнабри, 21-годишниот крилен играч и поранешен фудбалер на Арсенал и човек кој одигра одлична сезона за Вердер Бремен.

Официјалниот трансфер ќе биде потврден во наредните денови, а денес Гнабри се збогуваше на социјалните мрежи од Вердер. Исто така, Вердер Бремен го потврди заминувањето на играчот од нивниот тим.