Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоранешниот директор на УЈП ќе ги чува личните податоци

Поранешниот директор на УЈП ќе ги чува личните податоци

Поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски ќе биде назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Собранието денеска ја прифати одлуката на владата.

Според опозицијата, Трајковски е назначен на оваа функција како награда за тоа што со години бил верен извршител на власта, додека парламентарното мнозинство оцени дека се работи за стручна и компетентна личност со исклучително професионален ангажман.

Горан Трајковски ја напушти челната позиција во една од најмокните државни институции УЈП во ноемрви а на негово место беше поставен Кирил Миновски. Кариерата на поранешниот прв човеј на УЈП ја пратат многу контроверзии, а дополнителен сомнеж се фрли и по обелоденувањето на политичките бомби од страна на опозицијата. Во презентираните аудио разговори во неколку наврати се слушаа и разговори на Горан Трајковски, во еден дел со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за во друг случај со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.