Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПоранешна Европска Република Грција – FEROG се налути на Словенците

Поранешна Европска Република Грција – FEROG се налути на Словенците

Изгледа дека и Грците се соочија со префиксот Поранешна. Словенечкиот дневен весник Финанце својата подолга анализа насловена „Збогум, Грција?” ја илустрираше со зборовите „ФЕРОГ­ Поранешна Европска Република Грција” (Former European Republic of Greece) напишани на позадина со грчкото знаме. Илустрацијата е објавена и на насловната страница на денешното издание на Финанце. Грчките медиуми огорчено ја пренесоа веста објаснувајќи дека Словенците алудираат на спорот за името на Македонија.