Saturday, Oct 21, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионПоранешен министер од Романија осуден на тригодишна казна затвор

Поранешен министер од Романија осуден на тригодишна казна затвор

zatvor

Поранешниот романски министер за внатрешни работи Габриел Берка вчера беше осуден на три години затвор поради злоупотреба на службената положба.

Берка е обвинет дека во периодот од април 2010 до јануари 2012 година додека бил сенатор на Демократско-либералната партија и претседател на окружната организација на партијата во Баку, земал поткуп од 185.000 евра од еден бизнисмен за неговата фирма да склучи договор за градба со општина во округот Баку.

За истото дело на 3,5 години затвор е осуден и поранешниот пратеник од Демократско-либералната партија, Михај Бану, со чие посредништво биле добиени парите.

Против Берка и Бану беа покренати обвиненија од Националната дирекција за борба против корупцијата во август минатата година.

Пресудите против нив можат да бидат обжалени пред Врховниот касациски суд.