HomeДЕНЕШНАСветПоради штрајк блокиран сообраќајот во Брисел, затворени фабрики

Поради штрајк блокиран сообраќајот во Брисел, затворени фабрики

Штрајк на синдикатот во Белгија, организиран поради владините меркиза штедење, довел до блокирање на јавниот сообраќај во целата држава, биле затворени неколку фабрики, а била блокирана работата и на најголемиот аеродром. Бриселскиот аеродром ги советувал клиентите да патуваат само со рачен багаж, бидејќи контролите на летовите во главно биле активни додека работниците биле задолжени за товарот во штрајкот.

Белгискиот јавен превоз функционира со 75 отсто капацитет. Денешниот протест е последен во низата на протести против мерките за штедење на белгиската влада. Минатата недела, десетици илјади белгиски работници организираа протестна прошетка во Брисел поради она што работниците го гледаат како продолжување на работната недела и непокачувањето на платата.

Поради штрајкот биле затворени и некои од најголемите белгиски фабрики. Покрај работниците, многу фабрики го намалиле производството бидејќи вработените, поради блокираниот сообраќај не можеле да стигнат до своите работни места. Штр

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com