Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоради нефункционалниот систем граѓаните не веруваат во избирачкиот список

Поради нефункционалниот систем граѓаните не веруваат во избирачкиот список

Нефункционалниот систем е причината за недовербата во Избирачкиот список, констатира Граѓанската асоцијација МОСТ. МОСТ даде препораки како да се остранат сите воочени недоследности.

Граѓаните треба да ги пријавуваат сите воочени недоследности: да ја проверат својата адреса, да го проверат и старото и новото име на улицата, броевите, исправноста на податоците запишани во личните документи и да ги сменат доколку има промена на живеалиштето.

Сите државни институции, од кои се преземаат податоци за водење на Избирачкиот список, велат од МОСТ, треба да имаат единствена процедура. МВР треба да ги проверува живеалиштата при секое издавање нова лична карта или патна исправа. Да се најде начин од Списокот да се избришат сите кои незаконски пријавиле живеалиште и добиле лична карта. Да се изменат законите за живеалиште, за лична карта и Законот за општа управна постапка. Сите институции заедно со граѓаните да ги поддржат напорите на ДИК за дизајнирање функционален и одржлив систем за ажурирање на Избирачкиот список, велат од МОСТ.