HomeАНТИСТРЕСШтосноПоради грешка на телевизијата, примила 600 повици и 13.000 пораки!

Поради грешка на телевизијата, примила 600 повици и 13.000 пораки!

Трип Дијаз од Вирџинија примила повеќе од 600 повици и 13 илјади пораки, откако телевизијата „Си-спен“ случајно го објавила нејзиниот број за време на емитувањето на претседателската дебата. Американските медиуми пренесуваат дека на 26-годишната Дијаз пораките започнале да и пристигнуваат во понеделник навечер, штом нејзиниот број бил објавен на телевизија која ги повикала гледачите да се вклучат и да го коментираат настапот на претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

Портпаролот на телевизијата „Си-спен“ Хауард Мортмен вели дека погрешиле и дека и се извиниле на Дијаз. Првата претседателска дебата на Трамп и Клинтон била најгледана во историјата на телевизијата, а ја следеле повеќе од 84 милиони гледачи. Дијаз вели дека веќе одлучила за кого ќе гласа па така коментарите кои ги добивала на телефон не влијае на нејзиното мислење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com