HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПопуларниот Роби Вилијамс преку трејлер го најави новиот албум!

Популарниот Роби Вилијамс преку трејлер го најави новиот албум!

„Heavy Entertainment Show“ е назив на новиот албум на Роби Вилијамс, кој англискиот поп пејач ќе го објави на 4 ноември. Албумот настана во соработка на пејачот со Ед Ширан и Брендон Флауерс. Албумот, прв после „Swing Both Ways“ пд 2013 година, ќе содржи и дуети американските пејачи Руфус Вејнрајт и Џон Грант.

Насловната нумера „Heavy Entertainment Show“ веќе има и свој спот, а неговата верзија од 40 секунди служи како трејлер кој го најавува новото издание на Роби Вилијамс. Ова ќе биде 11 студиско издание за пејачот од Стоук, а вкупно 19 издание доколку ги броиме сите компилации и снимките во живо.

„Ме инспирираше фразата „лесна забава“- сите телевизиски шоу од периодот кога бев дете, а ги гледаа по 30 милиони луѓе, беа големо доживување наречено „лесна забава“, објасни Вилијамс зошто токму овој назив му го дал на своето најново издание.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com