Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиПопуларниот модел и ди-џеј Амели Ленс доаѓа во „Епицентар“!

Популарниот модел и ди-џеј Амели Ленс доаѓа во „Епицентар“!

Медиумите за неа сакаат да пишуваат како за модел кој патем е квалитетен диџеј, но таа вели: „Јас не чувствувам потреба во диџеј-кабината да ја презентирам својата женственост или добар изглед. Тука сум да ја споделам музиката и енергијата со луѓето“.

Белгиската диџејка Амели Ленс на 7 април, петок, ќе настапи во скопскиот клуб „Епицентар“, а локална поддршка ќе биде Илина Ангеловска (Ilina Angel). Амели како молња пристигна на светската сцена и покажа дека секој труд вложен во креативноста и талентот, најчесто резултира со сатисфакција.