Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПоповски во посета на Србија, средби со државниот врв

Поповски во посета на Србија, средби со државниот врв

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од денеска е во работна посета на Република Србија.

За време на посетата Поповски остварил средба со српскиот министер за надворешни работи и потпретседател на Владата, Ивица Дачиќ, и со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Соговорниците разговарале и за евроинтеграциите и била постигната согласност да се продожи со меѓусебната поддршка на европскиот пат.

На средбите, како што соопштуваат од МНР, потврдени се определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, како и намерата за зајакнување на економската соработка.

Со оглед на тоа дека Македонија и Србија се соочуваат со голем прилив на мигранти од Блискиот и Средниот Исток, соговорниците истакнале дека двете држави се подготвени да ја продолжат меѓусебната координација, како и координацијата со нивните европски партнери во решавањето на ова прашање.

На средбата е нагласена важноста од одржување на мирот и стабилноста во регионот и од двете страни е изразена подготвеност дека ќе продолжат да даваат придонес во остварување на оваа цел.