Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоповски: Кандидатите нема да користат државни ресурси за време на изборната кампања

Поповски: Кандидатите нема да користат државни ресурси за време на изборната кампања

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски даде отчет пред јавноста за работата на ресорното министерство во првите 100 дена од Владата, јавува А1он.

Како едно од поважните одлуки министерот Поповски ја издвои одлуката на Владата за забрана за користење државни ресурси за време на изборната кампања.

Поповски во своето излагање истакна дека во првите сто дена од новата Влада, ресорното министерство направило многу во поглед на транспарентност и помош за медиумите, со донесување на одлуката тие да имаат бесплатен пристап до информации од Централниот регистар и Катастарот.

Министерот на прес конференцијата информираше дека се водат темелни истраги за заканите кон новинарите кои се случувале изминатите години со цел да биде овозможено слободно информирање на граѓаните.

Како дел од мерките што биле преземени во изминатите 100 дена, Поповски го истакна редовното објавување на дневниот ред, на седниците на Владата и брифинзи со медиумите по седниците, за што кажа дека досега претходната Влада не го практикувала тоа.

За крај ресорниот министер изјави дека оваа Влада има намера да направи најобемна достапност во поглед на информирање за својата работа, до граѓаните, при што ја спомна и мерката со која граѓаните и медиумите можа бесплатно да се информираат за сите настани и случувања од информативната агенција.