Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПопот и оџата се надвикуваат – битолчани без сон

Попот и оџата се надвикуваат – битолчани без сон

Од црквата „Св.Богородица” во Битола преку звучници се пренесуваат службите, а од Исак џамија преку разглас молитвата на оџата. Граѓаните, во писмо упатено до редакцијата на ВЕСТ, се пожалија на бучавата.

„Црквата е во близина на строгиот центар на градот и започна да ја емитува целата служба преку огромни звучници. Веќе два месеца немаме никаков мир. Како не можат да разберат дека има луѓе што работат навечер, во смени, дека држењето служба преку разглас им го скусува правото на сон. Зошто мора од 7-8 часот докај 10-11 во недела и за празници сите ние да бидеме будни без сон. Никој не е против верата туку бараме да ја вршат службата во црква, а не да ја пуштаат преку звучници”, пишува во писмото.

Преспанско-пелагонискиот владика г. Петар одговори дека „Во Битола дури се слуша оџата, ќе се слуша и литургијата”.

Во Законот за заштита од бучава не е предвидена бучавата предизвикана од верски објект, а надлежен орган за контрола е Министерството за животна средина и просторно планирање. Додека попот и оџата се надвикуваат, битолчани немаат мирен сон.