Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПопоски не се гледа како наследник на Груевски

Попоски не се гледа како наследник на Груевски

Никола Попоски во кулоарите се споменува како најсериозен кандидат за наследник на Никола Груевски, актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според неодамнешните политички потези Попоски стана нови вице-премиер во владата, а како политичар кој не го следат скандали се предвидува дека може да биде нов кандидат за премиер, но тој ги одби овие наводи при гостувањето во „Анализа“ на 24 вести.

– Мислам дека нема никаква причина за таква дискусија, воопшто, било кој да го наследи, бидејќи тој е лидер на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – одговори Попоски.

Покрај Попоски како можен наследник на Груевски се спомнува и името на уште еден Никола, министерот за здравство Тодоров, но се е во рамките на политичката шпекулација.

Извор: 24 вести