Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПопоски на состанок во Стејт департментот за борба против ИД

Попоски на состанок во Стејт департментот за борба против ИД

Министер за надворешни работи во заминување Никола Попоски, на покана на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на Глобалната коалиција за борба против Исламска држава, кој денеска ќе се одржи во Стејт департментот во Вашингтон.

– Министерскиот состанок има за цел да се поттикне интензивирање на меѓународните напори во борбата против Исламска држава во одделни области во Ирак и Сирија кои сé уште се под нивна окупација и да се зголеми притисокот и да се ограничи нејзината мрежа на функционирање, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Во рамки на посетата, министерот Попоски има и бројни билатерални средби.