Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПоплави во Јужна Германија однесоа три човечки животи

Поплави во Јужна Германија однесоа три човечки животи

Најмалку три лица се загинати, меѓу кои и еден пожарникар, во страшната поплава што ги зафати областите Баден-Вуртемберг и Баварија во јужниот дел на Германија, јавуваат медиумите. Од поплавите предизвикани од силниот доджд се погодени особено источните делови на поркаината Баден Виртемберг – Хоенлоекрајс, Биберах, Хајденхајм, Хајлброн, Осталбкрајс, округот Алб-Донау, округот Некар-Оденвалд, како и градот Улм, а само во овој дел властите добиле 490 повици за помош во период од пет часа.

germanija poplavi2

Екстремните временски услови предизвикале општонароден хаос, каде многу автопати се блокирани, а улиците во локалните населби непроодни, при што се расчистуваат остатоците од невремето. Градот Кинцелзау соопшти дека поради невремето денеска ќе останат затворени училиштата и градинките. Во покраината Баден Виртемберг во акција се вкупно околу 7000 спасувачи, а досега се реагирало по 2200 повици за помош.