HomeДЕНЕШНАСветПоплава во авион?!

Поплава во авион?!

Леталото на мароканската авио-компанија „Royal Air Maroc“ било потполно поплавено после дефект на водоводно-канализацискиот систем. Овој несекојдневен проблем се јавил во средата на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул само неколку минути пред да полета авионот. Водата од „боинга 767“ се излила и надвор од авионот, неколку минути после 17 часот, кога качувањето на патниците во авионот било завршено и речиси се било подготвено за планираниот лет кон Казабланка.

Сите 185 патници биле набргу евакуирани, а просторот предвиден за паркирање на авиони на аеродромот „Ататурк“, исто така некое време бил затворен. Еден од патниците, Абдула Кан, се пожалил дека сите биле евакуирани уште пред да дознаат што е проблемот. Според зборовите пак на уште еден патник, тие останале во авионот уште цел час после поплавата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com