Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноПоплава му го уништила домот на човекот кој тврдел дека поплавите се божја казна за хомосексуалците

Поплава му го уништила домот на човекот кој тврдел дека поплавите се божја казна за хомосексуалците

Конзервативниот христијански лобист Тони Перкинс од Лузијана, кој е голем противник на проширувањето на правата на хомосексуалците и тврдел дека бог ги испраќа природните катастрофи како предупредување и казна, бил принуден да се евакуира од сопствениот дом поради големите поплави. Претседателот на контроверзната христијанска група „Family Research Council“ изјавил дека поплавите, кои ја погодиле Лузијана се од „библиски размери“, а дека тој и неговото семејство морале да се евакуираат.

Perkins

„Ова е поплава од библиски размери. Моравме да побегнеме од нашиот дом. Водата е со три метри висина и целата куќа е поплавена“, изјави Перкинс.

Perkins-1

Тој и е познат на широката јавност како голем противник на проширувањето на правата на хомосексуалците, а познат е и неговиот став дека ураганот Хоакин, кој ги погодил Бахамите, бил божја казна бидејќи таа земја ги легализираше геј браковите.

Perkins-2

„Бог се обидува да ни испрати порака“, изјави Перкинс во таа прилика, а често ги споредуваше хомосексуалноста и педофилијата.