Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноПонудени милион долари за украдените чевли на Дороти од „Волшебникот од Оз“

Понудени милион долари за украдените чевли на Дороти од „Волшебникот од Оз“

Анонимен и прилично дарежлив донатор понудил награда од милион долари за сигурна информација која би довела до црвените чевлички на Џуди Гарланд која ги носеше во „Волшебникот од Оз“. Фамозните чевлички се украдени од Музејот во Гранд Рапидс, Минесота.

Наградата ќе ѝ биде исплатена на личноста која ќе соопшти точни информации за местото каде што се наоѓаат чевлите и името на крадецот.

Црвените чевлички се украдени во август 2005 година. Нивната моментална пазарна вредност се оценува на сума од два до три милиони долари.