Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПониски цени за летање со flydubai од 30 посто

Пониски цени за летање со flydubai од 30 посто

flydubai воведе прв попуст на целата мрежа, нудејќи 30 отсто пониски цени за корисниците на бизнис и економската класа, кои патуваат до Дубаи и други селектирани локации. Корисниците кои планираат да патуваат меѓу 1 октомври 2015 година и 30 јуни 2016 година и ќе ги резервираат своите летови пред 20 септември, ќе добијат 30 отсто попуст.

Со својата флота од 49 модерни Боинг 737-800 авиони, flydubai оперира околу 1.600 летови неделно, до повеќе од 90 дестинации во 45 држави, создавајќи мрежа која ги спојува земјите од Персискиот залив, Блискиот Исток, Африка, Кавкаските земји, Централна Азија, Европа, како и Индија.

Dubai Image

Дубаи е се поатрактивна локација за посета, како за туристите, така и за тие кои сакаат да се пробааат во бизнис водите, но во секој случај овој град меѓу Истокот и Западот има што да понуди за секого. Токму тоа е мотив за ангажирање на авиопревозникот flydubai со многу поволности за патниците и во бизнис и во економската класа.

flydubai оперира со 2 лета неделно меѓу Скопје и Дубаи и може да ја посетите нивната веб страна за распоредот на летања и резервирање на билет flydubai.com.