Tuesday, Sep 26, 2017
HomeДЕНЕШНАПонесете чадор каде и да одите, врнежите продолжуваат

Понесете чадор каде и да одите, врнежите продолжуваат

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Се очекува во текот на денот врнежите да престанат, а повторно да се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 11 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен северен ветер, а во раните утрински часови со појава на слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе изнесува околу 13, а дневната 15 степени Целзиусови.