HomeДЕНЕШНАСветПонеделничка средба – Путин и Ердоган ќе прават план за Сирија

Понеделничка средба – Путин и Ердоган ќе прават план за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул на 10-ти октомври, објави Кремљ. Периодов земјите настојуваат да ги поправат нарушените односи со уривањето на рускиот борбен авион ланскиот ноември крај сириско-турската граница, што Москва го оцени како „планирана провокација“.

Посетата на Турција, во рамките на светскиот енергетски конгрес кој во Истанбул ќе се одржува од 9-ти до 13-ти октомври, ќе биде првата посета на Владимир Путин по помирувањето и укинувањето на руското ембарго за Анкара, откако неочекувано во јуни турскиот челник Реџеп Тајип Ердоган со писмо му се обрати на рускиот претседател во кое му изрази жалење и извинување за инцидентот.

Кризата во меѓусебните односи донесе големи загуби за турската економија изразени во милијарди американски долари, поради ембаргото во градежниот сектори и увозот на прехранбени и други продукти од Турција, а во прв ред во туристичкиот сектор.

Од кабинетот на Ердоган денеска соопштија дека турскиот претседател би можел на Москва да ѝ изложи план за прекин на огнот за прекин на огнот во Сирија, откако во понеделникот САД еднострано се повлекоа од договорот што на 9-ти септември во Женева го потпишаа со Русија.

Русија и Турција поддржуваат спротиставени страни во сирискиот конфликт, бидејќи Анкара е на страната на сунитските бунтовници кои сакаат да го соборат алавитскиот (шиитски) сириски претседател Башар ал-Асад, а Москва е главниот сојузник на Дамаск.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com