Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПомошта пристигнува, Чешка ќе праќа полицајци во Македонија за справување со бегалците

Помошта пристигнува, Чешка ќе праќа полицајци во Македонија за справување со бегалците

Контингент полицајци се очекува да пристигнат во Македонија како помош од Чешка за полесно совладување на бегалската криза, јавувува чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки. За одлуката подетално ќе се разговара идната недела во Прага каде ќе се сретнат и претставници на земјите на Вишеградската група (В4), во која покрај Чешка влегуваат и Словачка, Полска и Унгарија.

Ако се одобри оваа помош, тоа ќе значи дека Македонија ќе биде третата земја на која Чешка ѝ помага со свои војници, покрај Унгарија и Словенија.