HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПомладата сестра на Бијонсе објави нов албум

Помладата сестра на Бијонсе објави нов албум

Соланж Ноулз, помладата сестра на мегаѕвездата Бијонсе, на своите обожаватели после издадениот албум „A Seat At The Table“, им порачува дека е почестена поради поддршката која ја добила и истакнува дека новиот албум го посветила на своите родители. 30-Годишната музичарка на својот четврти по ред студиски албум работеше во текот на изминатите четири години.

Албумот ги вклучува и нумерите !Cranes in the Sky“ и „Don’t Touch My Hair“, за кои сними и два спота. Поддршка доби и од својата постара сестра Бијонсе, која на Инстаграм напиша дека е горда на својата сестра. На албумот „A Seat At The Table“ се наоѓа 21 песна чиј автор е токму Соланж, со специјални гости како Лил Вејн, Кели Роуланд и други.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com