Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПоловина милион Кинези евакуирани по налет на тропска бура

Половина милион Кинези евакуирани по налет на тропска бура

Тајфунот Непартак, денеска, во момент на преминување преку источниот брег на Кина ослабна на ниво на силна тропска бура, но сепак предизвика силни ветрови и поројни дождови од кои се поплавени домови и патишта.

Кинеските власти во покраината Фуџијан евакуираа речиси 500.000 луѓе кои живеат во ризични области, а откажани се стотици летови и патувања со брзи возови.

Ветровите дуваат со брзина од 90 километри на час, додека Кинеската телевизија јави дека бурата предизвикала бранови високи пет метри.