Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПолициска акција во Тетово, приведени десет странски државјани

Полициска акција во Тетово, приведени десет странски државјани

Полицијата во контрола спроведена викендов во ноќниот бар „Енерџи клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-с. Сарачино затекна 10 странски државјанки кои незаконски работат во објектот.

Од нив девет се од Република Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) е од Република Албанија и три државјанки на Република Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37).

Во објектот се затекнати и сопственикот на угостителскиот објект А.М. (33) и Х.И.(34), од Прешево, Република Србија.

Лицата се приведени и задржани во СВР – Тетово за расчистување на случајот по што против седум лица, странски државјани се поднесени барања за поведување прекршочна постапка дека престојуваат спротивно на целта на Закконот за странци. Од страна на Основен Суд Тетово на лицата им е одредена парична глоба и мерка забрана за влез во РМ во времетраење од 1 година.

Против А.М., сопственикот на угостителскиот објект по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава пријава, додека против И.Х. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено дело „помагање за илегално преминување на државната граница“ на две странски државјанки.