Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицијата застрела еден од ограбувачите на Стопанска во Ѓорче

Полицијата застрела еден од ограбувачите на Стопанска во Ѓорче

Филијалата на Стопанска банка во Ѓорче Петров денеска беше нападната од вооружени ограбувачи додека внатре имало голем број на вработени и корисници.

12071679_10206040432984703_68768902_n

Откако со украдениот плен избегале од објектот ограбувачите беа пресретнати од мобилните екипи на МВР, но наместо да се предадат тие отвориле оган. Припадниците на МВР се впуштија во потера, а потоа на мостот „Влајко“ на бул. Партизански одреди дојде до вооружена престрелка.

12067322_10206040463385463_1838806049_n

Според првичните информации од терен еден од вооружените ограбувачи е ранет и однесен во скопските клиники, но се уште нема информации каква е неговата состојба, а неофицијално се пренесува дека им подлегнал на повредите.

12077099_10206040463265460_1635143084_n

Вториот напаѓач е приведен од „Алфа“ единицата. Пристапот до местото на престрелката е блокиран и се врши увид.

12077080_10206040463225459_2067857024_n

Улицата од Ѓорче Петров до Влае која води до центар е целосно затворена. Од МВР се очекува да излезе со официјални информации кои се напаѓачите.