Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата трага по Грујовски и по Бошковски за да ги притвори

Полицијата трага по Грујовски и по Бошковски за да ги притвори

Поранешниот началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујовски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, кои полицијата вчера требаше да ги спроведе во притвор, според сите индиции се во бегство, пишува „Дојче веле“ на македонски.

Ниту едниот, ниту другиот вчера не биле најдени во нивните домови кога полицијата пристигнала со налог за нивно спроведување во притвор. Двајцата биле барани на шест-седум локации, каде според оперативни сознанија на МВР би можеле да престојуваат, но никаде не биле најдени.

Засега нема сознанија дали илегално заминале од Македонија. Ова уследи откако петчлениот совет на Врховниот суд вчера донесе решенија со кои се одбиени жалбите на Грујевски и Бошковски и со тоа ги потврди решенијата на Апелацискиот суд Скопје за определување мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена, пишува ДВ.