Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицијата трага по две исчезнати лица

Полицијата трага по две исчезнати лица

Две лица пријавени за исчезнати во текот на викендот. Старец од Скопје и жена од Куманово се пријавени за исчезнати, соопшти МВР.

Во петокот К.Д. (27) од Скопје, пријавила дека истиот ден во 18 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот дедо Д.Д. (86) од Скопје.

Вчера Б.Д.(36) од селото Романовц, Куманово, пријавила дека на околу 16 часот од дома во непознат првец се оддалечила нејзната сестра С.С.(33) од селото Ново Село, Куманово.

Полицијата презема мерки за да ги пронајде лицата.