Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПолицијата нe пронашла експлозив кај напаѓачот на парискиот аеродром

Полицијата нe пронашла експлозив кај напаѓачот на парискиот аеродром

Кај застреланиот напаѓач кој се обиде од обезбедувањето на аеродромот „Орли“ во Париз да одземе оружје не биле пронајдени експлозивни направи, соопшти француската полиција.

Од полицијата додадоа и дека истото лице пред инцидентот на аеродромот, ранило полицаец во Париз и дека на полицијата и бил познат како радикалист.

Безбедносните проверки на Аеродромот се уште се во тек, а патниците се евакуирани. Од „Орли“ засега нема ниту полетувања, ниту пак слетувања на авиони. Полицијата апелира граѓаните да го избегнуваат регионот околу аеродромот и да не го преминуваат безбедносниот периметар, за акцијата да може да се одвива непречно.