Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолицијата ја сопре ,,Парадата на гордоста” во Истанбул

Полицијата ја сопре ,,Парадата на гордоста” во Истанбул

 

Водени топови и гумени куршуми употреби турската полиција за да ги растера присутните на ,,Поворката на гордоста” која се одржуваше вчера во Истанбул. Турските медиуми анализираат дека изминативе години овој настан не бил проследен со проблеми и интервенции на полицијата. Од таму, искажуваат нејасност зошто оваа година биле потребни полициски дејствија. Се претпоставува дека  временското совпаѓањето на геј парадата и  светиот месец Рамазан, ги вознемирила конзервативните муслимани во Турција

Турската приватна новинска агенција Dogan објавила дека полицијата веднаш по почетокот на собирањето на масата ѝ порачала да се разотиде и дека нема да ја дозволи поворката.