Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата изврши увид во прес-центарот на Собранието

Полицијата изврши увид во прес-центарот на Собранието

По наредба на Јавен обвинител полициски службеници денеска ги скршија печатите и ги отворија вратите на прес-центарот во Собранието на Македонија каде се одвиваа најголем дел од насилните инциденти минатиот четврток, кога толпата се проби во парламентот и нападна дел од пратениците, новинарите и собраниското обезбедување, реагирајќи на изборот на Талат Џафери за нов собраниски спикер, јави Макфакс.

Полицијата не дозволува снимање во прес центарот додека трае увидот, а новинарските екипи чија што техника настрада за време на насилствата стрпливо чекаат за да си ги земат своите работи.