Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата го приведе Чапаровски за изнуда на мито

Полицијата го приведе Чапаровски за изнуда на мито

Полицијата го приведе директорот на Клиниката за неврохирургија во Скопје Aлександар Чапаровски. Осомничен е за примање поткуп. Министерството за внатрешни работи информираше дека постапиле по пријава од граѓанин, а по наредба на Основното јавно обвинителство.

Од МВР обезбедиле и материјални докази дека е извршено кривичното дело. Се врши претрес и на службените простории на клиниката, за да се обезбедат дополнителни докази против директорот кој беше задржан во полициска станица.

По завршување на истражните постапки, тој со кривична пријава ќе му биде предаден на Основното јавно обвинителство.