Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата го испраша синот на Мијалков

Полицијата го испраша синот на Мијалков

Во полициската станица во Кисела Вода заврши распитот на Јордан Мијалков, синот на поранешниот директор на УБК,Сашо Мијалков, пренесе Макфакс. Тој беше повикан во врска со инцидентите за време на крвавиот четврток во Собранието на 27 април годинава. Мијалков пред истражителите кажал дека бил на протести, на кои често учествувал. Во Собранието влегол за кратко, за да се поздрави со член на обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Синот на поранешниот директор на УБК претходно не одговори на поканата на обвинителството за организиран криминал и не дојде да даде исказ за неговото присуство и дејствување на „крвавиот четврток“. Тој не се појави на распитот бидејќи бил на патување, а отсуството го правдал и со тоа дека поканата не му била уредно доставена.

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Ален Зекиров, и Блаже Петревски се појавија во полициската станица. Распитот на Зекиров траеше речиси три часа.